Skip to main content

Лишени од слобода три лица во врска со загадувањето на водата во Гостивар

Надлежните институции продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази во рамки на предистражната постапка, со цел целосно расчистување на случајот.
 |  инфодеск  | 

Полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар, лишија од слобода три лица во рамки на предистражната постапка поврзана со сомневањата за загадување на водата во гостиварскиот водовод.

Според информациијата од МВР, приведени се:А.А. од село Здуње, вршител на должност директор на ЈП „Комуналец“ – Гостивар; В.Д. од село Форино, раководител на секторот „Водовод и канализација“; Л.Н. од село Вруток, технички директор на ЈП „Комуналец“ – Гостивар.

Надлежните институции продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази во рамки на предистражната постапка, со цел целосно расчистување на случајот.