Skip to main content

Донација за струшките болници од 11 современи монитори за следење на пациенти

Специјалната болница за нефрологија и Општата болница во Струга добиваат 11 современи монитори за континуирано следење на пациентите, со што значително ќе се подобрат условите за лекување и квалитетот на здравствената грижа.
 |  инфодеск  | 

Специјалната болница за нефрологија Струга и ЈЗУ Општа болница – Струга добиваат вкупно 11 современи монитори за следење на пациентите. Два од мониторите веќе се испорачани, додека за преостанатите девет е обезбеден транспорт и се очекува наскоро да пристигнат во Струга.

Со оваа донација, двете здравствени установи ќе бидат целосно опремени со современи апарати за континуирано следење на пациентите во критична состојба, што ќе придонесе за поквалитетна и побезбедна здравствена заштита.

Воедно, во двете струшки болници за првпат се формираат единици за интермедијарна нега, наменети за пациенти со потешка здравствена состојба на кои им е потребен постојан надзор и континуиран третман.

Во овие единици ќе биде овозможено мултифункционално следење на виталните параметри, неинвазивна вентилација (CPAP), континуирано следење на крвниот притисок, како и напредна грижа за пациентите кои имаат потреба од постојан медицински надзор, без да бидат сместени на оддел за интензивна нега.

Донацијата е реализирана во рамки на заедничката соработка меѓу градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, директорите на двете струшки болници, д-р Џетмир Зиба и д-р Владо Бунчески, како и со поддршка од германската болница „Carl von Basedow Klinikum“, каде што работи докторот Шќелќим Реќи.

Насловна слика: Freepic илустрација