Skip to main content

Три од најдобрите сладоледи во светот, од англиската традиција до турскиот дондурма

Светот на сладоледот нуди уникатни рецепти и вкусови, а овие три специјалитети се меѓу најценетите.
 |  инфодеск  | 
ice cream, dessert, nature, food, snack, ice cream cone, melting, hot, temptation, summer, refreshment, refreshing, indulgence, sundae, tasty, delicious

Сладоледот е омилен десерт ширум светот, но некои видови се издвојуваат по уникатниот вкус, начинот на подготовка и традицијата што ја носат. Меѓу најпознатите се корнскиот сладолед со згусната павлака, италијанскиот сладолед со ф’стаци и турскиот дондурма.

1. Сладолед со згусната павлака (Clotted cream ice cream) – Корнвол, Англија

Традиционалниот сладолед со згусната павлака е специјалитет од регионот Корнвол во Англија, познат по својата богата и кремаста текстура.

Се подготвува од корнско полномасно млеко, јајца и специјална згусната павлака (clotted cream), која му дава препознатлив вкус и кадифена структура. Најчесто се додава ванила, а во некои места се служи и со дополнителна лажица згусната павлака одозгора.

2. Сладолед со ф’стаци (Gelato al pistacchio) – Италија

Италијанскиот сладолед со ф’стаци е еден од најпознатите вкусови на традиционалниот гелато.

Се прави со паста од ф’стаци, млеко, павлака, јајца и шеќер, а понекогаш се додаваат и ситно сечкани печени ф’стаци. Неговата карактеристика е густата и кремаста текстура.

Најценети се ф’стаците од малото сицилијанско место Бронте, познато по производството на висококвалитетни ф’стаци кои се сметаат за едни од најдобрите за подготовка на гелато.

3. Дондурма – Кахраманмараш, Турција

Турскиот сладолед дондурма потекнува од градот Кахраманмараш и е познат по својата густа, еластична текстура и по тоа што многу побавно се топи од обичниот сладолед.

Тајната е во додатокот на салеп, брашно добиено од корен на дива орхидеја, како и мастика (арапска гума), кои му даваат специфична густина и растегливост.

Во регионот Кахраманмараш дондурмата содржи поголема количина салеп, па поради густината често се сече и се јаде со нож и вилушка.

Извор: TasteAtlas