Skip to main content

Охридската e најдобра пастрмка во светот според TasteAtlas

Меѓу најценетите пастрмки во светот се и специјалитети од Ерменија, Патагонија и Германија, но првото место на листата го зазема охридската пастрмка.
 |  инфодеск  | 

Охридската пастрмка се најде на првото место на листата „Топ 9 пастрмки во светот“ на TasteAtlas, поради нејзината кулинарска вредност.

Според магазинот за патување и храна, TasteAtlas, охридската пастрмка е најценетата пастрмка во светот. Станува збор за ендемичен вид салмонидна риба која живее во Охридското Езеро, кое го делат Северна Македонија и Албанија, како и во реките што се поврзани со езерото.

Охридската пастрмка е позната по своето нежно, розево месо и специфичниот вкус, поради што со години се смета за вистински кулинарски специјалитет. Но, поради прекумерен риболов, нелегален лов и недоволни мерки за заштита, нејзината популација е загрозена, наведуваат од Taste Atlas.

Овој вид често се нарекува „жива фосилна риба“, бидејќи според научните претпоставки успеала да преживее уште од периодот на леденото доба благодарение на специфичните микроклиматски услови на Охридското Езеро.

Покрај охридската, на листата на TasteAtlas се најдоа и други познати видови пастрмка како Севанска пастрмка (Sevani ischkhan) – Ерменија, Патагониска пастрмка (Trucha Patagónica) – Аргентина и Чиле, Кармракхајт (Karmrakhayt) – Ерменија, Шварцвалдска пастрмка (Schwarzwaldforelle) – Германија.

Од Taste Atlas дека рангирањата за храна се засноваат на оценките од публиката на TasteAtlas, со низа механизми кои препознаваат вистински корисници, ги игнорираат оценките од ботови, како и националистичките или локално пристрасните (патриотски) оценки. Целта на TasteAtlas е да ја промовира извонредната локална храна, да поттикне гордост кон традиционалните јадења и да разбуди љубопитност за јадења што сè уште не сте ги пробале.

Извор: TasteAtlas – „Top 9 Trouts in the World“.