ЈП „Градски пазар“ Охрид издава локација за продажба на очила за сонце
Заинтересираните субјекти своите пријави треба да ги достават најдоцна до 24 јули 2026 година до 11 часот.

ЈП „Градски пазар“ Охрид објави повик за прибирање пријави за користење простор за поставување урбана опрема за продажба на оптикa, очила за сонце.
Предмет на огласот е една локација на булеварот „Македонски Просветители“, означена како локација 10а, каде ќе може да се постави унифицирана урбана опрема за продажба со димензии 2 метри на 1 метар.
Просторот ќе биде достапен за користење во периодот од 1 август до 30 септември 2026 година. Заинтересираните субјекти своите пријави треба да ги достават најдоцна до 24 јули 2026 година до 11 часот.
Графичките прикази со нумеричките ознаки на урбаната опрема можат да се преземат од веб-страницата на ЈП „Градски пазар“ Охрид или секој работен ден од 7 до 15 часот во просториите на претпријатието.







