Skip to main content

ЈП „Градски пазар“ Охрид издава локација за урбана опрема за забава на отворено

Крајниот рок за доставување на понудите е 24 јули 2026 година до 12 часот.
 |  инфодеск  | 
Градски пазар

ЈП „Градски пазар“ Охрид објави повик за прибирање пријави за поставување урбана опрема наменета за туристички, културни и спортски настани, односно за забава на отворено.

Предмет на огласот е издавање простор за поставување урбана опрема на локација кај детското игралиште пред мостот „Билјанини Извори“.

Локацијата ќе биде достапна за користење во периодот од 1 август до 30 септември 2026 година.

Заинтересираните субјекти пријавите можат да ги достават лично во архивата на ЈП „Градски пазар“ Охрид или по препорачана пошта на адреса: бул. „Туристичка“ бр.79, 6000 Охрид.

Крајниот рок за доставување на понудите е 24 јули 2026 година до 12 часот.

Графичките прикази со нумеричките ознаки на урбаната опрема, како и намената на локациите, заинтересираните можат да ги преземат од веб-страницата на ЈП „Градски пазар“ Охрид или секој работен ден од 7 до 15 часот во просториите на претпријатието.