Хуманитарна акција на Црвен крст: Охрид собира флаширана вода за граѓаните на Гостивар

Како одговор на прогласената епидемија и 30-дневната кризна состојба во Гостивар, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Охрид информира дека се приклучува на граѓанската иницијатива за итна помош на погоденото население.
Од Црвен крст Охрид потенцираат дека може да се донира исклучиво флаширана (пакувана) вода за пиење, а локација на пунктот е магацинот на Црвен крст Охрид, ул. “Кленоец” 2А.
Работно време за донации: секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот / викенд од 10:00 до 14:00 часот, а Црвен крст на РСМ општинска организација Охрид за целата собрана количина на вода ќе обезбеди транспорт директно до најпогодените семејства и институции во Гостивар.
-Секој граѓанин може да помогне. Да покажеме солидарност кога е најпотребно!, апелираат од Црвен крст Охрид.







