Ексклузивен концерт на Силви Бенд утревечер во НУЦК „Григор Прличев“
Силви Бенд ветува уште една незаборавна музичка вечер во која традицијата, емоцијата и безвременските хитови ќе се спојат во едно посебно концертно доживување.

Охридската публика утревечер ќе има можност да ужива во ексклузивен концерт на Силви Бенд, кој ќе се одржи во НУЦК „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот.
Во уникатниот амбиент на културниот центар, публиката ќе има можност да ги слушне најголемите хитови на бендот, меѓу кои „Ангели ме носат“, „Ме полудуваш“, „1762 лето“, како и многу други песни што оставија силен белег на македонската музичка сцена.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со емоции, носталгија и врвна музика, која ќе ги обедини љубителите на добрата македонска песна од сите генерации.







