Крвава престрелка во Струга
Грозоморно убиство во Струга. Немилиот настан се случил како на филмско платно. На раскрсницата на магистралниот пат, Охрид – Ќафасан синоќа околу 18 часот и триесет минути било пукано во татко и син. Се работи за Мефаил и Џемаил Исмаили од струшкото село Делогожда. Движејќи се по овој патен правец нивното моторно возило „Голф“, било попречено од страна на Форд Ескорд управувано од Исмаил Асани. Асани излегол од своето возило и со пиштолот го удрил по глава возачот на „Голфот“. Веднаш потоа истрелал два куршуми во 51 годишниот Џемаил и еден во 25 годишниот Мефаил, по што избегал од местото каде го извршил грозоморниот чин.
Телата на настраданите веднаш биле пренесени во медицинскиот центар Струга, каде 51 годишниот Џемаил подлегнал на повредите, а неговиот син засега е надвор од животна опасност. Дежурниот тим на хируршкото одделение од Струга веднаш организирале два тима и во две операциони сали извршувале интервенции.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ги потврди сите информации во врска со овој случај, но сеуште енигма останува мотивот порди кој е направен овој грозоморен чин. Димоски вели дека П.С. Струга веќе поднела пријава за 38 годишниот Асани осомничен за сторено кривично дело убиство и недозволено поседување и употреба на оружје.
Од СВР Охрид кажаа дека сеуште се работи на расветлување на случајот околу оваа пресметка. Димоски кажа дека учесниците во овој настан биле соседи и досега никогаш немале проблеми од финансиски и имотно правен карактер. Тој потврди дека осомничениот Асани Исмаил е добро познат на полициските служби и позади него стои дебело досие.
{loadposition content9}