Општина Охрид ќе отстранува нелегално изградени гаражи, граѓаните повикани да ги отстранат предметите
Гаражите се наоѓаат на катастарската парцела КП 11022/20, КО Охрид 2, земјиште во сопственост на Република Македонија.

Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид информира дека во периодот од 27 до 31 јули 2026 година ќе се спроведе административно отстранување на 10 нелегално изградени гаражи.
Гаражите се наоѓаат на катастарската парцела КП 11022/20, КО Охрид 2, земјиште во сопственост на Република Македонија.
Од Општината ги повикуваат корисниците на гаражите навреме да ги отстранат сите подвижни и неподвижни предмети што се наоѓаат во нив. Во спротивно, предметите ќе бидат отстранети од страна на надлежните служби и транспортирани до депонија.







