Вечерва изложба на скулптури ,,Торза” од Андреј Митевски во Култ Културен Центар
Изложбата започнува во 20 часот.

Вечерва во Култ Културен Центар ќе биде отворена изложбата ,,Торза” од Андреј Митевски.
Инаку дело на вајарот Митевски, скулптурата „Перо“ изработена од македонски мермер, стана дел од колекцијата на папата Лав XIV, како државен подарок по повод денот на Св. Кирил и Методиј.
Андреј Митевски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1999 година. Постдипломски студии завршил во класата на проф. Драган Попоски Дада во 2000/2001 година. Реализирал повеќе самостојни изложби во земјава и во странство, а учествувал на бројни групни претставувања. Неговото творештво е континуирана борба со суровиот и цврст материјал, кој се преобразува во нешто ново, кревко и живо.






