Skip to main content

УЈП со засилени активности за пријавување приходи од изнајмување сместувања и други сезонски туристички активности

УЈП апелира до сите што остваруваат приходи од туристичко издавање навремено да ги пријават и да придонесат за фер и одржлив развој на туризмот.
 |  инфодеск  | 
ujp

Во текот на летната туристичка сезона, Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека сите граѓани кои издаваат апартмани, станови, куќи, соби или друг вид сместување треба навремено да ги пријават приходите и да ги исполнат даночните обврски.

Од УЈП велат дека целта не е само контрола, туку и помош за граѓаните полесно да ги разберат и исполнат законските обврски. Во фокус се приходите од краткорочно изнајмување сместувања и други сезонски туристички активности.

Институцијата ќе спроведува информативни активности, анализи и контроли за да се обезбедат еднакви услови за сите и да се спречи нелојална конкуренција.

УЈП апелира до сите што остваруваат приходи од туристичко издавање навремено да ги пријават и да придонесат за фер и одржлив развој на туризмот.