Концертoт на „Билјанини Извори“ двојно ја надминал дозволената бучава, СВР најави поднесок
Полициска интервенција на концертот што се одржуваше синоќа во спортскиот центар „Билјанини Извори“, поради надминување на дозволеното ниво на бучава.

На 26 јули 2025 година, околу 01:00 часот, во СВР Охрид било пријавено дека од концерт кој се одржувал во спортски центар во Охрид се емитува гласна музика што го нарушува јавниот ред и мир.
По пријавата, полициски службеници извршиле мерење на нивото на бучава со фонометар, при што било утврдено дека јачината на звукот изнесувала 77 децибели, што е значително над дозволената граница од 35 децибели.
Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на настанот, против одговорните ќе биде поднесен соодветен поднесок.







