Skip to main content

Човечки череп пронајден во атарот на Лабуништа

Полицијата во координација со другите надлежни институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
 |  инфодеск  | 
Полициско возило

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор во атарот на Лабуништа, кај Подгоречкото Езеро, во непосредна близина на македонско-албанската граница, пронашле човечки череп и други предмети,

Според информациите од МВР, на 25 јули 2026 година, полициски службеници при извршување на службени активности на терен, во атарот на селото Лабуништа, кај Подгоречкото Езеро, пронашле човечки череп и други предмети.

Полицијата во координација со другите надлежни институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.