Одложена превентивната акција во Охрид по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот

Здружението „ХЕПАР Центар“ – Битола и Здружението „Ретко е да си редок“ – Охрид информираат дека планираната мобилна превентивна акција по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот е одложена.
Настанот требаше да се одржи вечерва, на Градскиот плоштад во Охрид, каде беше планирано бесплатно и анонимно да се прават прегледи и тестирања насочени кон рано откривање на вирусниот хепатитис.
Одлуката за одложување, според соопштението од организаторите, е донесена со цел целосно почитување на стручните препораки, важечките прописи и координацијата со надлежните институции. Организаторите истакнуваат дека здравјето, безбедноста и довербата на граѓаните остануваат нивен највисок приоритет.
За новиот термин на одржување на акцијата јавноста ќе биде навремено информирана.







