На 2 август ќе биде преосветен храмот „Св. пророк Илија“ во село Лактиње
Од Дебарско-кичевската епархија упатуваат покана до верниците со своето присуство молитвено да учествуваат во ова големо духовно торжество и заедно да го одбележат празникот посветен на светиот пророк Илија.

Дебарско-кичевската епархија ги поканува верниците да земат молитвено учество во прославата на споменот на светиот славен пророк Илија, која ќе се одржи на 2 август 2026 година (недела) во храмот „Св. пророк Илија“ во село Лактиње.
Свеченоста ќе започне во 08:45 часот со чинот на преосветување на храмот, по што ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Од Дебарско-кичевската епархија упатуваат покана до сите благочестиви верници со своето присуство молитвено да учествуваат во ова големо духовно торжество и заедно да го одбележат празникот посветен на светиот пророк Илија.







