Skip to main content

Приведен охриѓанец поради семејно насилство, тепачка на плажа во Пештани

Во два одвоени случаи на нарушување на јавниот ред и мир, едно лице е лишено од слобода, а против повеќе лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

Изминатото деноноќие, полициските службеници од СВР Охрид интервенирале во два одвоени случаи на нарушување на јавниот ред и мир, при што едно лице е лишено од слобода, а против повеќе лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Утринава во 05:25 часот, на улицата „Кузман Капидан“ во Охрид, полициски службеници лишиле од слобода 38-годишен охриѓанец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон член на своето семејство. Според информациите од полицијата, тој подоцна агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во вториот случај, во СВР Охрид било пријавено дека на 15 јули околу 17:15 часот, на плажа во автокамп на охридското крајбрежје, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 31-годишен жител на Охрид и 34-годишен жител на селото Пештани. Според полицијата, во инцидентот подоцна се вклучиле уште три лица, 50-годишен жител на Велгошти и двајца жители на Пештани, на возраст од 22 и 35 години, кои го нападнале охриѓанецот.

По целосното документирање на настанот, против сите учесници ќе бидат поднесени соодветни пријави.