Утре и задутре свечени богослужби и поклонение на моштите на Света маченица Марина во Охрид
Утре и задутре верниците ќе можат да се поклонат на моштите на Света маченица Марина во „Свети Никола Геракомија“

По повод празникот посветен на ,,Света маченица Марина”, во храмот ,,Свети Никола Геракомија” на ден 29.07.2026 (Среда) ќе биде отслужена Вечерна Богослужба со почеток во 18:00 часот, а на ден 30.07.2026 (Четврток) ќе биде отслужена Утрена Богослужба и Света Литургија со почеток во 07:30 часот. За време на Богослужбите ќе бидат извадени нејзините Свети мошти за поклонение.
Фото: Ѓоко Симјаноски







