Skip to main content

Подигнување на селектиран отпад од кантите за селекција на 30 јули (четврток)

Воедно, се молат граѓаните да го почитуваат Календарот за подигнување на селектираниот отпад, како и правилата за одлагање исклучиво пластика во жолтата и хартија/картон во сината канта.
 |  инфодеск  | 

Согласно Календарот за 2026 година за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“ дека на 30.07.2026 година (четврток) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција.

Од претпријатието ги охрабруваат граѓаните да го користат зелениот телефон за пријавување неправилности или доколку имаат прашања.

Воедно, се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување на селектираниот отпад, како и правилата за одлагање исклучиво пластика во жолтата и хартија/картон во сината канта.