Skip to main content

Општина Охрид со богата програма ќе го одбележи Илинден

„Илинден е симбол на слободата, храброста и заедништвото – ден кој со гордост го одбележуваме и го пренесуваме на идните генерации“, порачуваат од Општина Охрид, упатувајќи покана до граѓаните да бидат дел од свеченостите и заеднички да го одбележат големиот македонски празник.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид со богата дводневна програма ќе го одбележи 2 Август – Денот на Републиката.

Одбележувањето започнува на 1 август во 20:30 часот кај споменикот на илинденците во селото Велгошти, каде ќе биде положено цвеќе и обраќање ќе има претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. Во рамки на културно-уметничката програма ќе биде изведен драмскиот перформанс „Македонија ќе роди нови борци, вие ќе живеете во срцата наши“, ќе настапи охридскиот женски квартет „Harmonix“, а вечерта ќе заврши со концерт на Јована Богданоска.

Централната програма е на 2 август, кога ќе се положи цвеќе пред спомен-обележјата на илинденците во Градскиот парк и кај Прентов мост. Во 11 часот кај Прентов мост ќе се одржи историски час, културно-уметничка програма и настап на музичката група „Премиера бенд“. Прославата ќе биде заокружена со „Илинденска вечер“ во селото Елшани, каде од 21 часот во дворот на црквата „Свети Илија“ ќе настапат Перчо Матлиески и Анастасија Митровска.