Полицијата едуцираше жители на Горно и Долно Лакочереј за заштита од пожари

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид вчера (28.07.2026) одржаа средби со месното население во охридските села Горно и Долно Лакочереј, со цел подигнување на јавната свест за заштита на шумите од пожари и спречување пожари на отворен простор.
–Во непосредни разговори со граѓаните, полициските службеници ја нагласија потребата од доследно почитување на општите и посебните превентивни мерки за заштита од пожари, особено при движење низ шумските подрачја. Притоа, беше укажано и на законските одредби и санкциите што се предвидени за непочитување на овие правила.Посебен акцент беше ставен на внимателноста при чистење на нивите и стрништата, како и на воздржување од палење смет и друг отпаден материјал, со цел да се спречи појава и ширење на пожари,информираат од СВР Охрид.
Во рамки на превентивната акција, на жителите им беа поделени и информативни флаери со корисни совети и препораки за безбедно однесување и заштита од пожари.
Од СВР Охрид апелираат граѓаните веднаш да ги известат надлежните институции доколку забележат пожар на отворен простор, за да се овозможи брза и ефикасна интервенција.







