Skip to main content

Забрана за користење на изворската вода за пиење во Елшани и Велестово поради присуство на E.coli и колиформни бактерии

Надлежните апелираат жителите да ја почитуваат забраната сè до добивање нови анализи кои ќе потврдат дека водата е исправна за употреба.
 |  инфодеск  | 

Жителите на охридските села Елшани и Велестово не треба да ја користат изворската вода за пиење, откако лабораториските анализи покажале микробиолошка неисправност.

Според информациите од надлежните институции, по извршените анализи на ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“ на водата од изворите во двете села, донесено е решение со кое се забранува нејзина употреба за пиење.

Лабораториските испитувања утврдиле присуство на бактериите Escherichia coli (E. coli) и колиформни бактерии, поради што водата не е безбедна за консумирање.

Воедно, месните заедници во Елшани и Велестово се задолжени да постават јасно и видливо предупредување за граѓаните дека водата не е за пиење.

Надлежните апелираат жителите да ја почитуваат забраната сè до добивање нови анализи кои ќе потврдат дека водата е исправна за употреба.