Пет месеци по хаваријата со водата во струшко нема одговорност

Пет месеци по хаваријата на извориштето Шум, која ги остави стружани повеќе пд еден месец без вода за пиење, сè уште нема одговорност. Јавното обвинителство го расчистува случајот, истрагата не е завршена, иако загадувањето беше предизвикано од нелегални ископи во непосредна близина на извориштето.
Квалитетот на водата во струшко веќе не е спорен, таа е здравствено исправна, но пред ЈП „Проаква” останува обврската за обезбедување водостопански дозволи за сите каптажи во Струшко, а поднесено е барање и до Владата за прогласување заштитни зони околу извориштето.
–Во Струга, по таа хаварија, по околу месец до месец и половина, изворот се стабилизира. Оттогаш наваму, изворот има здравствено исправна вода за пиење.00:00:24 И по обилни дождови, сè е континуирано. Водата од изворот Шум е исправна и нема никакви проблеми со изворот Шум.-изјави д-р Лидија Симоновска, ЦЈЗ Охрид
По налог на Државниот инспекторат за животна средина, претпријатието има рок од шест месеци да ја заврши постапката за водостопански дозволи. Документацијата ја изработуваат експерти од Универзитетот во Штип. Стружани со поделени мислења некои ја пијат водата од чешма, други се уште се сомневаат во квалитетот.
Извориштето Шум сè уште не е целосно обезбедено и заштитено. Дваесет и четиричасовен надзор со чуварска служба има само во првата зона, додека за понатамошните активности се чекаат насоки од Јавното обвинителство.
Новинар Соња Рилковска







