Пријава за гласна музика од угостителски објект во близина на Охрид, измерена бучава над дозволената
По целосното документирање на настанот, против правното и одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.07.2025 година, во 15:25 часот, во СВР Охрид било пријавено дека од угостителски објект на плажа во туристички комплекс во близина на Охрид се слуша гласна музика која го нарушува јавниот ред и мир.
Полициски службеници извршиле мерење на јачината на бучавата со фонометар, при што било констатирано дека е надмината дозволената јачина.
По целосното документирање на настанот, против правното и одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.







