Skip to main content

Документарниот филм „Едно време, една генерација, едно училиште“ на Љупчо Паункоски премиерно пред охридската публика

Влезот е слободен. Настанот е поддржан од Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, на 6 август 2026 година (четврток), со почеток во 19:00 часот, ќе биде промовиран документарниот филм „Едно време, една генерација, едно училиште“ од авторот Љупчо Паункоски.

Филмот низ автентични приказни и спомени оживува едно време, една генерација и едно училиште, претставувајќи вредно сведоштво за минатото на Охрид.

Организаторите ги покануваат граѓаните да присуствуваат на промоцијата и да бидат дел од вечер исполнета со спомени и емоции.

Влезот е слободен. Настанот е поддржан од Општина Охрид.