Skip to main content

Иселеници во Швајцарија донираа специјална заштитна опрема за пожарникарите од струшката ТППЕ

Ова е првата донација на специјална заштитна опрема за пожарникарите по повеќе од 20 години, што претставува значаен придонес за подобрување на условите за работа и нивната безбедност, објавија од Општина Струга.
 |  инфодеск  | 

Струшките пожарникари добија донација од 13 специјални заштитни одела отпорни на температури повисоки од 600 степени Целзиусови. Донацијата е обезбедена благодарение на хуманоста на иселениците Фаис, Зини и Фисник Етеми од селото Франгово, кои живеат и работат во Цирих, Швајцарија, објавија од Општина Струга.

Донацијата е наменета за Територијалната противпожарна единица – Струга и претставува значајно подобрување на условите за работа и безбедноста на пожарникарите при интервенции во ризични ситуации.

-Ова е првата донација на специјална заштитна опрема за пожарникарите по повеќе од 20 години, што претставува значаен придонес за подобрување на условите за работа и нивната безбедност, објавија од Општина Струга.

Од општината информираат дека е во тек и постапката за реализација на уште една донација за Територијалната противпожарна единица, која треба да биде обезбедена од партнерска општина од Германија.