Skip to main content

Се гради без сеизмичко мислење

Македoнскиот Институт за земјотресно инжинерство нема целосен увид колку градежните  објекти во Охрид, приватни или колективни станбени згради, сеизмички квалитетно се градат.

 |  Валентина Неловска  | 
Konferencija
Конференција

KonferencijaМакедoнскиот Институт за земјотресно инжинерство нема целосен увид колку градежните  објекти во Охрид, приватни или колективни станбени згради, сеизмички квалитетно се градат. Михаил Гаревски, потпретседател на Европската асоцијација на земјотресно инжинерство вели дека подолго време не памети некој од Охрид да се обратил до нивната институција за да се направи контрола  врз објектите.
„Генерално градбите во Македонија не се лоши, иако граѓаните понекогаш мислат дека не е така. Понекогаш има пропусти кои се гледаат и со голо око и не се задоволени сеизмичките  услови. Но, сепак најголемиот број од објектите се во ред“, смета Гаревски.
Garevski

До пред две години  оваа област била регулирана со Законот за градба. Постоел член според кој било задолжително да се даде мислење за секој објект во земјава за сеизмичката статичност. Сега работите се многу поинакви укажува Гаревски. „За жал овој член е тргнат и повеќе нема барања за согласност. Можеби е подобро и така, смета Гаревски, бидејќи во членот не беше назначено кој го издава сертификатот. Во такви недефинирани ситуации се можни манипулации. До пред две години повеќе општини  ни испраќаа барања и утврдувавме пропусти во проектирањето. Тоа значи ако нема контрола може некој објект да е слабо изграден“.
Во Европа градежната област е многу поригорозно регулирана. Задолжително една институција ги контролира градбите, додека кај нас властите стравуваат да не дадат монопол на некоја институција додава Гаревски. За состојбите и  проблемите на земјотресното инжинерство во 21 век ќе се дискутира во Охрид во рамките на 14-та меѓународна конференција. Над 1000 светски експерти ќе разговараат  за сезимичката сигурност на старите и новите градби во светот. На конференцијата во Охрид ќе бидат разгледани и последните големи земјотреси во Италија, Хаити и Чиле.       

{loadposition content9}