Охрид и Либражд ќе ја продлабочуваат соработката преку заеднички проекти

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, оствари работна средба со градоначалникот на Општина Либражд од Албанија, Мариглен Диша, на која беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу двете општини.
На средбата биле разгледани можностите за реализација на заеднички проекти и искористување на можностите што ги нуди ИПА III Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија 2021–2027.

Посебен акцент бил ставен на можноста за заедничка проектна апликација на претстојниот повик од програмата, насочена кон унапредување на капацитетите за противпожарна заштита и подобрување на подготвеноста и одговорот при пожари на отворено.
Во рамки на средбата било договорено и остварување на возвратна посета на градоначалникот Пецаков на Либражд, каде што ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу двете општини.







