Skip to main content

Вандализам во струшко Боровец, осквернавени гробови на селските гробишта

Увид на местото извршиле полициски екипи, а се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 

Во кругот на црквата „Св. Богородица“ во струшкото село Боровец биле оштетени 14 надгробни споменици.

На 30.07.2026 во 18:30 часот, во Полициското одделение во струшкото село Велешта било пријавено дека во кругот на црквата „Св. Богородица“ во селото Боровец биле осквернавени 14 гробови, на тој начин што биле оштетени мермерните плочи.

Увид на местото извршиле полициски екипи, а се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.