Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, лишен од слобода скопјанец
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

На 31.07.2026 во автокамп лоциран на охридското крајбрежје, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид слобода е лишенo 39 годишно лице од Скопје.
-При претрес во камп приколка и во дворното место, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа шест кеси со марихуана, фолија со бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети, информираа од СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.








