Полициски билтен: Физички напади во Велгошти и Охрид, приведен охриѓанец за семејно насилство

Во текот на изминатото деноноќие, СВР Охрид евидентираше повеќе случаи на физички напади, како и едно лишување од слобода по пријава за семејно насилство.
На 2 август 2026 година, во 00:20 часот, во СВР Охрид било пријавено дека по спортски натпревар во охридското село Велгошти, едно лице физички, а потоа и со метален предмет, нападнало 55-годишен жител на Вевчани, при што му било оштетено и неговото патничко моторно возило. Со повреди се здобиле и уште две лица од Вевчани. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден, во 21:25 часот, во СВР Охрид, во присуство на членови на семејството и претставници од Центарот за социјални работи Охрид, било пријавено дека едно лице, во апартман лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, физички нападнало две малолетни лица од Скопје. По целосно расветлување на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во 23:05 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, полициски службеници лишиле од слобода 21-годишен охриѓанец, по претходна пријава дека во семејниот дом бил агресивен кон член на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







