Skip to main content

Слика што не доликува: Автомобил со скопски регистарски таблички паркиран врз ѓубре во старото градско јадро

Уште една срамна слика од стариот дел на Охрид за непрописно паркирање
 |  инфодеск  | 

Несовесното паркирање повторно предизвика негодување кај жителите и посетителите на стариот дел од Охрид, откако автомобил со скопски регистарски таблички беше забележан паркиран директно врз куп отпад, наместо на соодветно место за паркирање. Оваа слика испрати понижувачка порака и остави впечаток дека никој не води грижа за редот и заштитата на еден од највредните делови на градот.

-Освен неодговорното паркирање, се поставува и сериозно прашање, како воопшто ова возило влегло во стариот дел на градот, каде што режимот на сообраќај е строго регулиран? Дали некој го контролира пристапот или правилата важат само за едни, а не и за други? Доколку возачот е гостин во некој од апартманите во стариот дел, тогаш одговорноста не е само кај него. Зарем домаќинот не бил должен да го информира дека таму не смее да се паркира? Зарем е толку тешко на секој гостин да му се објасни каде е дозволено паркирање, а каде не?, реагираат нашите сограѓани.