Неколку улици во Охрид денес неколку часа ќе бидат без вода
Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по целосното завршување на санацијата на дефектот.

Поради дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе останат корисниците од делови на улиците „Булевар Туристичка“, „Галичица“, „Никола Карев“ и „Мирче Ацев“.
Од ЈП „Водовод“ – Охрид информираат дека нивни екипи се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот.







