Охридскиот аеродром постави нов рекорд, раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, поставувајќи нов рекорд и во бројот на патници и во бројот на реализирани летови.
Во текот на јули, охридскиот аеродром опслужи 52,544 патници, што претставува раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година. Воедно, беа реализирани 443 летови, односно 34,65% повеќе отколку во јули 2025 година.
Во истиот месец беа поставени уште два значајни рекорди. На 26 јули беше регистриран најфреквентниот ден во историјата на охридскиот аеродром, со опслужени 2988 патници, додека на 20 јули беа реализирани рекордни 22 летoви во текот на еден ден.
Позитивниот тренд се потврдува и преку кумулативните резултати. Во периодот од јануари до јули преку охридскиот аеродром патувале вкупно 175,182 патници, што е за 24,24% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Во истиот период биле реализирани 1350 летови, што претставува раст на авионскиот сообраќај од 28.69%.







