Skip to main content

Во угостителски објект во Струга измерени 88 децибели, ќе следуваат пријави

По целосното документирање на настанот, против правното и одговорното лице во угостителскиот објект ќе бидат поднесени соодветни пријави.
 |  инфодеск  | 
Струга Црн Дрим

Полициски службеници од ОВР Струга на 3 август 2026 година, во 01:05 часот, извршиле мерење на гласноста и јачината на бучавата со фонометар во угостителски објекти во централното градско подрачје.

При контролата, спроведена согласно Правилникот за примена на индикаторите за бучава, во еден угостителски објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга било констатирано нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика.

Со мерењето биле утврдени 88 децибели, што претставува надминување на дозволената граница од 35 децибели.

По целосното документирање на настанот, против правното и одговорното лице во угостителскиот објект ќе бидат поднесени соодветни пријави.