општина охрид
Амбасадорот на Казахстан во посета на Општина Охрид
Буршаков доаѓа во прва официјална посета на Охрид.

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Казахстан во Земјава, Н. Е. Сатибалди Буршаков.

Буршаков доаѓа во прва официјална посета на Охрид. Високиот гостин не го сокри воодушевувањето од охридските природни и историски убавини како и богатата културна програма во лето.
На средбата беше најавено отворање на Почесен конзулат на оваа централноазиска држава во Охрид. Двете страни го поздравија и потпишувањето на билатералниот договор за соработка во областа на туризмот меѓу двете земји, Македонија и Казахстан чија постапка е во тек.
Казахстан е деветта по големина земја во Светот којашто изобилува со богата историја, степски предели и брз модерен развој.








