Државјанка на Белорусија пронајдена почината во хотел во Охрид
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 5 август 2026 година, во 07:45 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во хотел во Охрид е пронајдена почината 53-годишна државјанка на Република Белорусија.
Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.







