Skip to main content

Рачна бомба од Првата светска војна пронајдена во водите на Охридското Езеро кај Љубаништа

Од ДЗС апелираат доколку граѓаните пронајдат гранати, бомби, оружје или други сомнителни експлозивни средства, да не ги допираат и да не ги поместуваат, туку веднаш да ја пријават локацијата на Единствениот број за итни повици 112.
 |  инфодеск  | 

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно отстрани рачна бомба од Првата светска војна, која била пронајдена во водите на Охридското Езеро, во близина на брегот кај Љубаништа.

Интервенцијата била реализирана согласно стандардните оперативни процедури на ДЗС, а во акцијата учествувале пиротехничарите на Дирекцијата во координација со Министерството за внатрешни работи. Поддршка на терен обезбедиле припадници на СВР Охрид и Езерската полиција.

Од ДЗС апелираат доколку граѓаните пронајдат гранати, бомби, оружје или други сомнителни експлозивни средства, да не ги допираат и да не ги поместуваат, туку веднаш да ја пријават локацијата на Единствениот број за итни повици 112, по што надлежните институции ќе преземат соодветни мерки за нивно безбедно отстранување.