Образовниот процес во Струга под конец
Првиот рапорт на директорите на образовните установи во Струга солиден.
ОСУ Нико Нестор
Првиот рапорт на директорите на образовните установи во Струга солиден. Раководителот на Секторот за образование Џеми Хајредини за ТВМ изјави дека стартот на новата учебна година во 11 те основни училишта во општина Струга, заедно со 26 те подружни единици како и 2 те гимназии и градинката, бил добро подготвен и координиран. Тој истакна дека воочени биле мали пропусти и верува оти за брзо време истите ќе ги надминат.
Според Хајредини неочекувана и нагла била оставката на директорот на СОУ „Нико Нестор“, Никола Затуроски, кој заради притисок на антикоруциската комисја ја одбрал удобноста на советничката фотеља. Оставката на Затуроски од директорската позиција во СОУ „Нико Нестор“, бил само мал куршлус, кој за краток временски период бил надминат, велат од секторот за образование. Нов В.Д. Директор на оваа образовна институција е Васил Максимоски долгогодишен истакнат професор во струшките гимназии, кој го поставил градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко во најбрз можен рок.
Кадарот на воспитувачки со договор на дело во струшката градинка најгорлив проблем за време од 5 годишниот мандат на Хајредини, признава тој. Но неговите очекувања се дека овој проблем ќе се надмине до крајот на оваа година.
Новите учебници пристигнаа и во Струга. Хајредини за престојната учебна година предвидува дека ќе биде мирна исто како и минатата и дека непопуларната тензија која владееше на етничка основа веќе е во депото на минатото. Тој додаде дека вредноста на Струга е соживотот и заедничко учење и работа а не поделба на фамозни етнички смени.
{loadposition content9}