Рестораните и хотелите стануваат сè поскапи
Цените на угостителските услуги во јули повисоки за 1,1 отсто на месечно ниво, за 3,2 отсто на годишно ниво.
| инфодеск | Македонија

Цените на угостителските услуги во јули 2026 година се зголемени за 1,1 отсто во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.
Во споредба со јули 2025 година, цените на угостителските услуги се повисоки за 3,2 отсто.
Во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на истиот период од минатата година, цените се зголемени за 2,9 отсто, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето изнесува 1,1 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, цените во групата Храна се зголемени за 0,2 отсто, а кај Ноќевања за 5,6 отсто.
Во групите Алкохолни пијалаци и Безалкохолни пијалаци не се забележани промени на цените.






