Skip to main content

Од Охрид започнува музичкиот караван по повод 35 години независност на Македонија

Со музичко-сценски спектакл на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, в недела (9 август) ќе започне караванот „Силно светнал ден„ по повод одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија.
 |  инфодеск  | 

Во недела, 9 август, со почеток во 19:30 часот, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, под мотото „Силно светнал ден„ ќе започне музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија.

Според најавата, преку мултимедијален музичко-сценски спектакл, кој обединува музика, глума и танц, ќе биде претставена приказната за трите и пол децении независност, со осврт на најзначајните историски моменти, предизвици и достигнувања.

Караванот ќе продолжи во уште 10 градови низ државата, а ќе заврши на 4 септември со завршен перформанс на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, на кој е најавено учество на повеќе од 120 уметници.