Skip to main content

Просек 3,66 од државната матура, најуспешни матурантите кои полагале стручна матура

Според Државниот испитен центар, просечната оценка на државната матура изнесува 3,62, на државната стручна матура 3,91, а на државната уметничка матура 3,59.
 |  инфодеск  | 

Просечната оценка од полагањето на матурата во јунската испитна сесија оваа година изнесува 3,66, покажуваат конечните резултати на Државниот испитен центар.

Според Државниот испитен центар, просечната оценка на државната матура изнесува 3,62, на државната стручна матура 3,91, а на државната уметничка матура 3,59.

Во јунската испитна сесија за полагање на матурата биле пријавени вкупно 14.587 ученици, од кои 12.184 за државна матура, 2.276 за државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура. На полагањето не се појавиле 348 пријавени ученици, односно 2,39 отсто.

Оваа година за првпат матурантите полагаа три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.