Skip to main content

Германски државјанин приведен откако со дрон ја снимал караулата во Радожда

Германски државјанин е приведен во струшкото село Радожда под сомнение за кривичното дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“
 |  инфодеск  | 

Германски државјанин е приведен во струшкото село Радожда под сомнение за неовластено снимање на воен објект со дрон.

На 5 август 2026 година, во 14:30 часот, во струшкото село Радожда, полициски службеници лишиле од слобода 56-годишен државјанин на Германија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, согласно член 350 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на АРСМ, која се наоѓа во забранета зона за снимање.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.