Во тек е асфалтирање на седум краци од улицата „Момчило Јорданоски“
Во Охрид продолжуваат инфраструктурните активности со асфалтирање на седум краци од улицата „Момчило Јорданоски“.

Во Охрид се реализираат градежни активности за асфалтирање на седум краци од улицата „Момчило Јорданоски“, информира градоначалникот Кирил Пецаков.
Проектот се спроведува во рамки на Програмата за уредување на градежното земјиште и се финансира со средства од Буџетот на Општина Охрид.
Според Пецаков, со оваа инвестиција ќе се подобрат условите за сообраќај и секојдневното функционирање на жителите од овој дел на градот.
Од Општина Охрид посочуваат дека активностите се дел од континуираните вложувања во подобрување на патната инфраструктура, со цел обезбедување поквалитетни услови за живот во урбаните и руралните средини на општината.







