УХМР
Продолжува топлотниот бран: До 35°C во Охрид, до 40°C во земјава
Денес во Охрид температурите од 17 до 35 степени Целзиусови.

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Денес во Охрид температурите од 17 до 35 степени Целзиусови.
Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.






