Skip to main content

Празнични литургии на Плаошник по повод Св Климент Охридски и Пантелејмон

Со празнична богослужба и света архиерејска Литургија во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, Охрид, ќе биде одбележан празникот Свети Климент Охридски – Летен.
 |  инфодеск  | 

Со празнична богослужба и света архиерејска Литургија во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, Охрид, ќе биде одбележан празникот Свети Климент Охридски – Летен.

На 9 август се празнува споменот на Свети Климент Охридски, патронот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и закрилник на Охрид. На истиот ден се одбележува и споменот на Светите Седмочисленици, светите рамноапостоли Климент, Кирил, Методиј, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј, како и на Светиот великомаченик Пантелејмон.

Вечерва, 8 август, ќе се служи Вечерна богослужба во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, со почеток во 19 часот. Утре, на празникот, со почеток во 8:45 часот, ќе се служи светата архиерејска Литургија.

Празникот традиционално во Охрид привлекува голем број верници кои доаѓаат да му оддадат почит на Свети Климент Охридски, упокоен на 9 август во 916 година.