Skip to main content

Тони Димковски Бели е синоќешниот убиец

Според полициски извори, Димковски денес сам се пријавил дека е извршител на тројното убиство во рибарницата Биг Фиш. Мотивот за нападот биле нерасчистените должничко доверителски односи.

 |  Маја Савиќ  | 
ubistvo
убиство

ubistvo47 годишниот Тони Димковски, викан Бели од Скопје е лицето кое синоќа го извршил вооружениот напад во скопската населба Аеродром. Синоќешните информации дека велешанецот Тони Лазаревски е напаѓачот не се точни. Според полициски извори, Димковски денес сам се пријавил дека е извршител на тројното убиство во рибарницата Биг Фиш. Мотивот за нападот биле нерасчистените должничко доверителски односи. Целта на нападот неофицијално најверојатно бил велешанецот Јордан Јорданов Ркулот со полициско досие кому десетина бизнисмени од Скопје и Велес му должеле огромни суми пари.

Убиството се случи синоќа околу 19 часот и 45 минути. Димковски влегол во рибарницата и со автоматската пушка пукал во жртвите, кои седеле на маса заедно со девојка. По ова излегол, ја фрлил пушката и со автомобил заминал.

Едно од лицата почина на лице место, а другите две на повредите им подлегнаа во ургентниот клинички центар во Скопје. Еден од убиените бил вработен во секторот за обезбедување при Министерството за внатрешни работи. Другите две лица биле дилери на дрога, кои биле познати не само во земјава туку и во Европа. Биле дел од Франкфуртската група.

Полицијата најави дека во текот на денот ќе излезе со подетални информации за синоќешниот инцидент. Итрагата за целосно расчистување на случајот е во тек.

ubistvo

ubistvo

{loadposition content9}