Skip to main content

Од денеска до 14 август Охрид ќе биде домаќин на „Недела на млади 2026“

Сите активности се бесплатни и отворени за младите, а деталната програма е достапна на социјалните мрежи на Младински Центар Охрид.
 |  инфодеск  | 
МЦО

Во организација на Младински Центар Охрид, од 10ти до 14ти август ќе се одржи „Недела на млади 2026″ – петдневна програма исполнета со бесплатни едукативни, културни и забавни активности за младите.

Програмата опфаќа Летна школа за гитара, Летна школа за Flipbook анимација, изложба и проекција на краткометражни филмови, младински круг посветен на волонтерството, јога покрај езеро, како и Game Night Fest со турнири и друштвени игри.

Централниот настан ќе се одржи на 12ти август, по повод Меѓународниот ден на младите, со почеток од 20:00 часот, пред хотел „Палас” (Paulaner). Во рамки на официјалната програма ќе бидат доделени наградите од Конкурсот за идејно архитектонско решение за Младински Културен Центар Охрид, ќе бидат изложени наградените трудови, а вечерта ќе продолжи со настапи на музичките бендови: МЦО Бенд, Броз Бенд, Урбан Планет и Селектор на музика – Лео.

Сите активности се бесплатни и отворени за младите, а деталната програма е достапна на социјалните мрежи на Младински Центар Охрид.

„Недела на млади 2026″ се реализира по повод Меѓународниот ден на младите, кој годинава се одбележува под мотото на Обединетите нации „Different Contexts, Common Aspirations”, со цел да се истакне важноста на младинското учество, креативност и заедничко градење подобра иднина.