Кривични пријави за марихуана и МДМА во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишен жител на Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 10.12.2025 година во Охрид, откако забележал полициски службеници, пријавениот фрлил марихуана и се обидел да побегне, но бил спречен. Марихуаната била пронајдена и одземена.
СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 24-годишен жител на Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „спречување на докажување“.
На 03.08.2025 година, на паркинг-простор на Спортскиот центар „Билјанини извори“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена МДМА таблета, која се обидел да ја оштети.







