Успешно реализирана крводарителската акција „Плаошник 2026“
Во рамки на крводарителската акција „Плаошник 2026“, одржана на 8 и 9 август во Охрид, беа собрани 60 крвни единици.

На 8 и 9 август 2026 година успешно беше реализирана крводарителската акција „Плаошник 2026“, во организација на Црвен крст Охрид во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.
Акцијата се одржа во спортската сала на Основното училиште „Свети Климент Охридски“, при што беа собрани вкупно 60 крвни единици.
Од Црвен крст Охрид изразија огромна благодарност до сите крводарители, истакнувајќи дека нивната хуманост спасува животи.









